Македонија две места подолу на листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација според најновото рангирање на ФИФА се наоѓа на 76. место со 407 бодови.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за ЕП 2016, најдобро пласирана е Шпанија - 7. место, Украина е на 22. позиција, Словачка е на 45. место, Белорусија на 88. место и Луксембург на 109. позиција.

Прва на листата ТОП 10 е Германија, пред Аргентина и Холандија, а по нив следуваат Колумбија, Белгија, Уругвај, Шпанија, Бразил, Швајцарија и Франција.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 18 септември.  

14.08.2014 - 11:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега