Втора победа на Македонија во квалификациите за Евробаскет 2015

Македонската кошаркарска репрезентација ја постигна втората победа во вториот натпревар од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2015. Избраниците на селекторот Џикиќ ја совладаа Данска на гостински терен со резултат 81:75 (18:24; 18:20; 18:11; 21:26).

По почетните 2:2 македонските кошаркари го презедоа водството и постепено го зголемуваа и во 8.минута беше 19:10. Сепак и покрај ова водство упорните домаќини на почетокот на вториот период (12.минута) изедначија на 26:26, а во 15.минута имаа водство 32:31. Но, во финишот на првиот дел Македонија направи серија од 13:2 за највисокото водство од 44:34.

На стартот од третиот период Македонија ја одржуваше предноста, но потоа нашите кошаркари имаа период од 5 минути без кош и Данска го искористи тоа со серија од 8:0 и во 27.минута изедначи на 51:51.

На почетокот на последниот период Македонија ја зголемуваше предноста, а Бојан Трајковски имаше серија од 7 поени. До крајот на дуелот домаќинот не успеваше да се доближи резултатски и предноста на нашите кошаркари беше постојано меѓу 3 – 6 поени. На крајот Соколов по грешката на противникот поентираше за конечни 81:75.

Поените за нашата репрезентација ги постигнаа: Дарко Соколов, Војдан Стојановски и Марко Симоновски по 12, Александар Костоски, Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски постигнаа по 9, Ричард Хендрикс 8, Андреј Магдевски и Стојан Ѓуровски по 4 и Марјан Јанески 2.

Следниот натпревар Македонија го игра на 17.август во недела во Минск против Белорусија. 

Постигнати резултати во 2.коло и табели по групи:

А група: Велика Британија – Босна и Херцеговина 67:80. Исланд слободен.
Табела: БиХ 2, бода Исланд 2, Велика Британија 2.

Б група: Црна Гора – Бугарија 70:64 и Холандија – Израел 57:66.
Табела: Црна Гора 4, Израел 3, Холандија 3, Бугарија 2.

Ц група: Луксембург – Полска 61:113 и Австрија – Германија 64:77 .
Табела: Полска 4, Германија 3, Австрија 3, Луксембург 2.

Д група: Данска – Македонија 75:81 и Белгија – Белорусија 71:57.
Табела: Македонија 4, Белгија 3, Белорусија 3, Данска 2.

Е група: Чешка – Португалија 89:53 и Унгарија – Грузија 74:73.
Табела: Унгарија 4, Грузија 3, Чешка 3, Португалија 2.

Ф група: Летонија – Словачка 86:66 и Романија – Шведска 77:72.
Табела: Летонија 4, Романија 4, Шведска 2, Словачка 2.

Г група: Русија – Италија 63:65. Швајцарија слободна.
Табела: Италија 2, Швајцарија 2, Русија 2.

 

14.08.2014 - 12:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега