Анкета „Таен клиент“: АВРМ со најголемо искачување на листата

Резултатите од анкетата „Таен клиент“ покажаа дека Агенцијата за вработување на Република Македонија се наоѓа на второто место од вкупно 11 институции.

Ова како што истакна министерот на информатичко општество и администрација, Иво Ивановски претставува најголемото искачување, со оглед на тоа што минатата година АВРМ се наоѓала на 6-то место.

Најслабо рангирани биле подрачните институции на АВРМ во Куманово, Струмица и Битола, а најдобро рангирани подрачните единици во Неготино и Валандово.

14.08.2014 - 12:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега