Новак Ѓоковиќ непријатно изненаден од Томи Робредо

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, доживеа уште едно непријатно изненадување на турнирите од Мастерс серијата. Синоќа во меч од 3.коло во два сета загуби од Шпанецот Томи Робредо.

Првиот сет Робредо го доби со 7:6 – 8:6 во тај брејкот, додека во вториот сет беше 7:5 во гемови.

Од фаворитите Станислас Вавринка со 2:1 во сетови го совлада Марин Чилиќ, а со истиот резултат Енди Мареј беше поуспешен од Џон Изнер.

Ноќеска пласман во следното коло изборија Роџер Федерер и Давид Ферер.

На женскиот дел од турнирот првата фаворитка Серена Вилијамс ја победи Флавиа Пенета со 2:0 во сетови. Пласман во следната рунда кај тенисерките обезбедија: Јелена Јанковиќ, Марина Шарапова, Ана Ивановиќ, Агњешка Радванска и Каролин Возниацки.

15.08.2014 - 09:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега