Јубилејна 300. победа на Мастерс турнирите за Федерер

Роџер Федерер е првиот тенисер во историјата на спортот што остварил 300 победи на Мастерс турнирите. Тој до историскиот резултат стигна синоќа откако во меч од 2.коло на турнирот во Синсинати (САД) го победи Канаѓанецот Васек Поспишил со 2-1, по сетови 7:6, 5:7 и 6:2.

Покрај 300. победи Федерер на Мастерс турнирите има и 89 загубени мечеви.

Втор на оваа листа е Рафаел Надал (Шпанија) со 281. победа и 54 порази, а трет Новак Ѓоковиќ со 220 добиени и 54 загубени мечеви.

15.08.2014 - 10:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега