Започна уписот на Државниот Универзитет во Тетово

Државниот универзитет во Тетово во академската 2014/2015 година ќе прими вкупно 5310 студенти, од кои 2690 редовни студенти во државна квота, 2225 редовни студенти со кофинансирање на студиите и 395 вонредни студенти, информираше денеска на прес-конференција Фехри Рамадани, проректор за настава на ДУТ.

Уписот за прием на кандидати во првиот рок на ДУТ почна денеска и ќе трае до 22 август. Според Рамадани, уште денеска, на почетокот на уписниот рок, интересот  е многу голем.

- Освен на сите академски единици во Тетово, нови студенти ќе бидат примени на факултетите во Гостивар и Куманово, како и на  дисперзираните студии во Скопје, Куманово и Кичево. Во Дебар и Струга дисперзираните студиски програми во оваа академска година ќе паузираат согласно уписната политика која ја има нашиот универзитет и долгорочната стратегија на Министерството за образование и наука за дисперзираните студиски програми,  рече Рамадани.

На првиот уписен рок, исто така, може да аплицираат и кандидатите кои се заинтересирани да ги продолжат своите студии во рамките на Проектот 30/35. На факултетите во кои и по првиот уписен рок ќе останат непополнети места ќе се објави дополнителен конкурс за упис на студенти на додипломски студии.

Рамадани рече и дека раководството на Универзитетот навремено ги направило сите неопходни подготовки за уписот на студентите да се одвива ефикасно во сите академски единици на ДУТ.

19.08.2014 - 14:22
Фото: 
радиомоф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега