Тодоров: Листерија има во свинскиот врат 90 пати над дозволеното

Според последните анализи докажано е присуство на листерија кај производот свински врат на Екстра Меин дури 90 пати над дозволеното. Ова денеска го изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, и додаде дека кај затворените примероци од свинскиот врат се пронајдени и производи кај кои на опаковката немало рок на употреба.

-Од стручните лица сум информиран дека доколку во вакумиран производ остане и само една колонија на листерија истата доведува до размножување, вели Тодоров.

Од Институтот за јавно здравје велат дела според последните лабораторски испитувања е потврдено присуство на листерија и во суровините од кои се произведуваат производите во Екстра Меин, односно дека листерија постои и во замрзнатото свинско месо и пилешките гради.

19.08.2014 - 15:36
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега