Лани најмногу на боледување биле делчевчани, велешани и светиниколчани

Споредбено на 2012 и 2013,  најголем процент на одобрени боледувања во однос на активни осигуреници има во Велес, СветиНиколе и Делчево, додека најмал процент на одобрени боледувања и во 2012 и во 2013 година има во Скопје, Струга и Дебар. 

Според податоците кои ги објави Здравство24.мк, процентот на одобрени боледувања во 2013 година е највисок во вториот квартал, а најнизок во третиот квартал, додека во 2012 година највисок е во првиот, а најнизок во третиот квартал. Според податоците на ФЗОМ, и во двете години речиси се идентични дијагнозите за кои се издавани боледувањата. Најчестите пет дијагнози кои најмногу фигурираат на извештаите се болести на локомоторен систем, повреди, малигни болести, претечки абортус (ризична бременост) и болести на циркулаторниот систем. Разликата е во бројот на издадени боледувања за поединечните дијагнози од групата на болести.

20.08.2014 - 11:03
Фото: 
кнал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега