Вардар кон ФФМ: Што имате против нас?

Фудбалскиот клуб Вардар побара ист аршин од ФФМ кон сите клубови во ПМФЛ, односно исти казни за сите пропусти на тимовите и недоличното однесување на нивните навивачи.

Од Вардар прашуваат дали ФФМ има нешто против нив и зошто секогаш тие се казнувани, кога исти или слични пропусти прават и останатите клубови во ПМФЛ.

- Вардар е казнуван секое коло, досега од овие три кола сме казнети 5.000 евра. Во Битола поради случувањата на трибините, во Скопје на натпреварот со Шкендија поради навредливо навивање, а навредливото навивање од страна на навивачите на Шкендија е сеуште под постапка на ФФМ. Ф.К. Брегалница е казнета поради наводно слаб сигнал на интернетот, а бевте и самите сведоци за недостатоците кои се присутни низ терените ширум Македонија. Дали Г. Илчо Ѓорѓиоски, претседателот на ФФМ ќе ја спроведува истата пракса од времето на Љубисав Иванов - Ѕинго кога пред секое коло Вардар беше казнуван? Пред почетокот на оваа натпреварувачка сезона, Вардар беше казнет за натпреварот од последното коло во минатата сезона, а поминаа 4 месеци од тој натпревар. Се надеваме дека нема заговор против Вардар и дека ФФМ ќе обезбеди фер и коректни услови за фудбал за сите клубови подеднакво во Македонија, изјави претседателот на ФФМ Мирко Спасески.

Како што може Вардар да ги сноси тие трошоци за организација, јас мислам дека секој клуб во Првата лига би требало истото да го превземе. Сето тоа е само да добиеме подобра слика за македонскиот фудбал и да обезбедиме подобри услови, пред се за фудбалерите. За фудбалерите мора да се обезбедат максимални услови доколку сакаме да гледаме добар фудбал. Не само силен и моќен Вардар, има и други клубови кои сакаат да донесат повредни играчи, а верувајте такви играчи во едно вакво првенство тешко би прифатиле да дојдат и да играат, изјави извршниот директор Самоил Симев.

21.08.2014 - 13:56
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега