Пол Сколс стравува за судбината на Манчестер Јунајтед

Трофејниот играч на Манчестер Јунајтед Пол Сколс стравува за судбината на „неговиот“ клуб откако на стартот од новата сезона беше изненаден и загуби од Свонси (2:1) на домашен терен. По заминувањето од клупата на Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед ланската сезона ја заврши на седмото место и остана без настап во еврокуповите.

-Се плашам за Јунајтед. Лошо ќе биде ако ја доживее судбината на Ливерпул од 90-те години, напиша Сколс во колумната за „Индепендент“.
Во овој преоден рок „црвените ѓаволи“ потрошија близу 100 милиони евра за три засилувања (Лук Шо, Андер Ерера и Маркос Рохо). Сколс притоа потенцира дека на тимот му се потребни пет играчи за да се стабилизира состојбата во тимот.

Манчестер Јунајтед во новата сезона стартуваше со нов менаџер Луј Ван Гал, но и тој почна со пораз.

Сколс за Јунајтед одигра 718 натпревари и постигна 155 голови.

21.08.2014 - 14:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега