Новини во сферата на лекови на товар на ФЗОМ

Од 1 септември ќе следуваат новини во сферата на лекови на товар на ФЗОМ. Бројот на генерички лекови кои дежурните служби ги препишуваат во итни случаи ќе биде зголемен од 46 на 50, во 11 поголеми градови ќе има аптеки кои ќе им бидат достапни на граѓаните 24 часа и третата новина е рефунадација на лекови на позитивната листа.

Овие новини денеска ги соопшти директорката на Фондот на здравествено осигурување Маја Паранарџиева Змејкова.

-Овозможуваме наместо досега 46 генерики на лекови кои што можеле дежурните служби  да ги препишуваат тој број да се зголеми на 50 генерики, бидејќи се воведоа дополнително антибиотици и антивиротици. Тие 50 генерики претставуваат дури 142 лека со заштитено име кои што нашиот осигуреник може навечер да ги добие, истакна Паранарџиева Змејкова.

Во овие 50 генерики има терапии за желудник, стомачни тегоби, срцеви заболувања, вирусни инфекции, бактериски инфекции, реума, покачена телесна температура, седативи, лекови за респираторни заболувања и лекови за алергија.

 -Со втората новина утврдивме критериум со што секој град со број на жители над 50 илјади да има задолжителна аптека која што ќе дежура навечер секој ден, тоа значи дека од 1 септември 11 најголеми градови ќе имаат пoсотојано аптека на располагање во ноќните часови, истакна Паранарџиева Змејкова.

Таа додаде дека во останатите градови исто така лековите ќе им бидат достапни на граѓаните 24 часа меѓутоа не со отворени аптеки туку со аптека на повик.

 Третата новина се однесува на рефундација на лекови на позитивна листа. За сите оние лекови кои се наоѓаат на позитиванат листа, а не се достапни во Македонија и се набавуваат во странство ФЗОМ ќе ги рефундира средствата на граѓаните без разлика на јачината на лекот.

22.08.2014 - 12:06
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега