Единсон Кавани се сели во Арсенал

Уругваецот Единсон Кавани подолго време не е задоволен од својот статус во ПСЖ и се чини дека спасот ќе го бара во Арсенал. Според медиумите во Франција, "Топџиите" понудиле 32 милиони фунти плус Оливие Жиру за услугите на Кавани.

Францускиот шампион веќе подолго време има желба да го ангажира Ди Марија, а поради санкцијата од УЕФА ќе мора да продава, за да може да купува, па се чини дека заминувањето на Кавани е повеќе од реално.

Според француските медиуми двата тима се договориле, останува уште фудбалерот да ги договори личните услови.

22.08.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега