Вардар му гостува на Тетекс

Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига на Македонија, Вардар попладнево во рамките на 4.коло му гостува на Тетекс, повратникот во прволигашкото друштво.

„Црвено-црните“ кои важат за фаворити се надеваат дека ќе ја продолжат победничката серија и ќе постигнат нова победа. Натпреварот се игра на стадионот во Ѓорче Петров.

 

Покрај овој дуел попладнево играат уште: Хоризонт Турново – Брегалница и Ренова – Пелистер. Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.

На вчера одиграните дуели: Работнички – Силекс 0:0 и Металург – Шкендија 1:1. Табела: Вардар 9 бодови, Металург 8, Силекс 8, Шкендија 7, Ренова 4, Работнички 4, Брегалница 3, Пелистер 3, Тетекс 1, Хоризонт Турново 0.

24.08.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега