Успение на Пресвета Богородица неработен ден - кои денови ќе одмориме до крајот на годината?

Успение на Пресвета Богородица или во народот попозната како Голема Богородица, е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците и го честита празникот.

Ова се останатите неработни денови до крајот на годината:

28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

· 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
· 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

· 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

· 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

· 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

· 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

· 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

25.08.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега