Ко Ун ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија

Добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, корејскиот поет Ко Ун, ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.

Одлуката за прогласување на Ко Ун за почесен член ќе ја соопшти претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски, а за творештвото на истакнатиот корејски поет ќе зборуваат Мите Стефоски, директор на СВП, и Славе Ѓорѓо Димоски, претседател на Управниот одбор на струшкиот поетски фестивал.

На средбата што ќе се одржи утре во Домот на македонските писатели во Скопје, венцоносецот Ко Ун ќе им се обрати на љубителите на поетскиот збор.

25.08.2014 - 09:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега