Дали гробот на Александар Македонски се крие под Овче Поле?!

Кон крајот на септември ќе се знае точно што се крие под геоглифот во Овче Поле, кај селото Црнилиште. Ова го открива весникот Вечер, откако излезе информацијата за локацијата на гробот на Александар Македонски. 

Во овој дел се крие голем сакрален објект, комплекс со гробница со површина од најмалку двапати поголема од она што се гледа, вели за Вечер професорот Аристотел Тентов, кој во март годинава заедно со истражувачки тим составен од врвни светски научници, со софистицирана опрема, без копање истражуваа на геоглифот. 

Тентов за весникот потврдил дека во моментов се уште работи на извештајот, се анализираат и се споредуваат резултатите од мерењата, па откако ќе бидат сублимирани ќе бидат претставени пред македонската јавност.

- Не би сакал однапред да зборувам за досега добиените податоци, особено поради договорот со моите колеги да не излегуваме со поединечни изјави. 

Се работи за доволно сериозно истражување кое треба да биде сериозно третирано, бидејќи има моменти од резултатите кои се на граница со сознанијата на тековната наука. 

Тоа значи дека наидовме на сегменти кои се новина во научната јавност, сегменти со кои научниците досега не се занимавале или пак не сакаат да се занимаваат, изјави за Вечер професорот Аристотел Тентов. 

Тој е свесен за големиот интерес на јавноста за истражувањата на геоглифот, особено по хипотезата дека таму се наоѓа гробницата на Александар Македонски но, што точно ќе биде обелоденето по неколку недели не сака да открие.

25.08.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега