Осквернавени православни гробови во Гостивар

 

Пет православни гробови стари повеќе од еден век во близина на гостиварското село Дебреше, биле раскопани минатава недела.

Како што информираат од СВР Тетово, случајот во полиција го пријавил П.И. жител на Дебреше. Констатирано е дека во периодот од 21 до 24 август, во местото Горни Ропач во шумовит предел на селото, непознати сторители ископале пет отвори со различни форми и димензии. За гробовите се претпоставува дека се стари од 100 до 150 години и не се знае што е земено од внатрешноста.

Инаку, годинава, по оној во селото Симница, ова е втор случај на сквернање на стари гробови. Лани, во гостиварскиот регион беа регистрирани по еден во селата Долна Бањица и Сенокосе и два во Дебреше.

25.08.2014 - 12:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега