Новото време носи нови предизвици - Иванов се сретна со учесниците на Школата за млади лидери

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, синоќа  ги прими учесниците на 5. Школа за млади лидери и пред нив ја истакна потребата нашето општество да образува лидери во секоја област што ќе нудат решанија за предизвиците на новото време.

- Потребни ни се лидери во сите области, не само во политиката. Новото време носи нови предизвици. Во овој свет што брзо се менува, потребни ни се млади луѓе кои ќе понудат решенија за тие предизвици, рече Иванов на Школата која се одржува по негова иницијатива.

Младите лидери пред шефот на државата ги претставија предлог-проектите со решенијата за предизвиците со кои се соочуваат општините Охрид, Вевчани и Ресен, а кои ним им беа претставени во саботата, на средбите со претставници на овие три локални самоуправи.

Школата се одржува од 19 до 28 август во Охрид, а учествуваат вкупно 40 млади луѓе со различен образовен и професионален фокус.

25.08.2014 - 12:42
Фото: 
сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега