Гостиварчани ќе се спасат од досадните комарци

Од утре, на територијата на општина Гостивар, ќе се спроведува втората фаза на дезинсекција и прскање против комарци. 

Прскањата ќе се вршат од земја на локации кои претходно беа утврдени како жаришта и легла на инсекти. Со препарати ќе бидат третирани места околу Вардар во село Равен, каналите за наводнување што минуваат низ населбите Малеарди и Фазанерија и бреговите на реката Јахорка во селото Форино во период од 21 до 2 часот наутро, до четврток.

25.08.2014 - 13:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега