Нови рекорди на Меси во Ла Лига

Лионел Меси стана првиот фудбалер во Ла Лига кој во четири сезони по ред успеа во првото коло да постигне по најмалку два погодока. 

Со овие два гола, исто така, стигна на чекор од првото место на листата најдобри стрелци во историјата на Примера.

Прв на листата е легендарниот Телмо Зара, кој има шест гола повеќе од фудбалерот на Барселона.

Што се однесува до рекордите врзани за головите во првото коло, Меси, меѓу другото, стана и само вториот играч во историјата на Примера што пет сезони по ред постигнал барем еден гол во првото коло.

25.08.2014 - 14:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега