Жолтицата нема да го одложи почетокот на новата учебна година

Новата учебна година ќе стартува навремено и нема да има пролонгирање поради епдемијата од жолтица. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми. 

- Министерството за образование и наука е во контакт со Министерството за здравство и со Институтот за јавно здравје и на последната седница е донесена препорака до сите училишта да преземат дополнителни активности за хигиената со цел да не се зарази некој од учениците. Засега нема одлука за пролонгирање на учебната година и сметам дека нема да има нејзино пролонгирање. Доколку има одлука за тоа јавноста ќе биде навремено информирана, истакна Адеми, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција.

25.08.2014 - 14:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега