Нива со над 1000 стебла канабис откриена во Неготино

Насад со над илјада стебла канабис бил откриен на нива во атарот на гостиварското село Неготино, Полошко.

Викендов, службеници од Полициска станица Гостивар, во соработка со претставници од Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, во нива пронашле и искорнале околу 1.000 стебла „канабис сатива“.Стеблата искорнати на нивата покрај автопатот Гостивар-Тетово биле со различна големина од 60 до 80 сантимери.

Пронајдените стебла се подигнати и транспортирани во Полициската станица Гостивар.

25.08.2014 - 14:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега