Средба Иванов - Ринкевичс: Поддршка од Летонија за патот кон ЕУ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со шефот на летонската дипломатија, Едгарс Ринкевичс на која беа разменети мислења за развојот на  билатералните односи и соработката меѓу двете земји, како и за состојбите во врска со членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

- Почетокот на преговорите ќе помогне да продолжат реформите со поголемо темпо и да се надминат слабостите нотирани во Извештајот на Европската комисија, истакна Иванов на средбата и ја нагласи потребата од паралелно движење на преговорите со надминувањето на билатералната разлика.

Министерот Ринкевичс ја истакна подготвеноста на Летонија за натамошна поддршка во однос на евроатлантските интеграции на Република Македонија, а на средбата беше констатирано и дека односите меѓу двете земји се традиционално добри и пријателски, со редовен политички дијалог. 

25.08.2014 - 15:06
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега