Што ќе се случува со времето утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во охридско-преспанскиот регион слично време, со дневна температура до 29 и во дојранскиот до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

25.08.2014 - 15:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега