Попоски тет-а-тет со Ринкевичс: Латвија сака да помогне независно од блокадите

Министерот за надворешни работи на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс кој престојувава во еднодневна официјална посета на Република Македонија, оствари средби во Охрид со својот домаќин, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски како и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. 

Двајцата министри, се осврнаа и на билатералната соработка при што беше оценето дека политичкиот дијалог е на високо ниво. Претстои потпишување на меморандум за разбирање и унапредување на соработката помеѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. 

- “Не сме во НАТО досега поради блокада од југот. Тоа нема да се случи ниту во Кардиф, ниту подоцна се додека не се согласи Грција на решение. За сега, нема никаква намера тоа да го стори. Тоа не е легално и се крши меѓународното право а сепак станува збор за одлука на Меѓународниот суд за правдата. Но е реалност.”, истакна министерот Попоски и додаде дека оваа реалност важи и за ЕУ. Но туку ние имаме многу што да сториме. Независно од блокадата ќе се посветиме на реформите во модернизацијата која зависи само од нас во Р. Македонија”.

“Латвија е наш пријател и сака да ни помогне во пристапувањето, независно од блокадите. Билатерално ќе работиме економските односи да ни се придвижат, како што ни се политичките”, заклучи министерот Попоски.

25.08.2014 - 15:41
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега