Двојниот убиец од Охрид избегал од Македонија?

Двојниот убиец од Охрид кој уби двајца во четвртокот во охридскиот хотел-ресторан „Император“, најверојатно ја напуштил државата преку нелегален премин бидејќи полицијата која интензивно трага по него не успеа да го пронајде. Како што пишува Република, засега не е распишана меѓународна потерница по осомничениот убиец Б.П. (30), кој има дебело полициско досие, а според полицијата ги застрелал Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38).

-Со оглед на близината на Охрид до границите со Албанија и со Грција, можно е тој да нашол засолниште во некоја од овие земји. Сепак ако го сторил тоа, тој не излегол преку некој од легалните премини, бидејќи веднаш по убиството по него беше распишана потерница во земјава, па ако се појавел на граничен премин, веднаш по идентификацијата би бил уапсен. Се претпоставува дека осомничениот го искористил познанството со криминалното подземје во регионот, кое му помогнало да се засолни привремено, пишува Република.

Од МВР велат дека по осомничениот засега не се трага преку Интерпол, но доклку судот процени дека тоа е неопходно и го извсти Министерството,ќе биде распишана меѓународна потерница.

26.08.2014 - 10:55
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега