Гостивар: Го удрила струја додека работел

Триесет и две годишен работник во фирма за монтирање скелиња, вчера попладне околу 18 часот бил повреден работејќи на објект во изградба во готиварското село Топлица.

Според СВР Тетово, М.Џ. од Гургурница, при демонтирање на металното скеле, најверојатно го допрел кабелот од блискиот далновод, по што уследил струен удар од кој М.Џ. паднал во безсознание. На повредниот му била пружена прва помош, а потоа со возило е пренесен во гостиварската болница, од каде е испратен на скопските клиники, а за среќа е надвор од животна опасност.

Се расветлуваат околностите како се случила оваа несреќа при работа.

26.08.2014 - 11:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега