Општините Гевгелија и Дојран ја прошируваат соработката

Соработката помеѓу општините Гевгелија и Дојран, која веќе успешно се остварува во повеќе сфери, ќе биде проширена и во областа на заштитата на животната средина.

Општината Дојран ја покрена иницијативата за соработка доставувајќи барање до општина Гевгелија, нивниот инспектор за животна средина работно да се ангажира и на територијата на општина Дојран.

Овие две општини од југоистокот на Македонија до сега успешно соработуваат во областа на урбанизмот, територијалната противпожарна и социјалната заштита. Гевгелиските урбанисти вршат услуги за потребите на општина Дојран, а на територијата на оваа туристичка општина по потреба дејствува и територијалната противпожарна единица од Гевгелија.

Во областа на социјалната заштита, во Дојран беше отворена и посебна канцеларија на меѓуопштинскиот центар за социјална заштита од Гевгелија.

27.08.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега