Македонски Универзитет предизвик за студенти од целиот свет

Најмладиот државен Универзитет „Св. Апостол Павле“, секоја нова учебна година се повеќе го предизвикува интересот на студенти од ширум светот.

Во однос на минатата година бројот на апликации на странски студенти наУниверзитетот за информатички науки и технологиие зголемен за 46%, а во раст е и бројот на различните земји од коишто тие доаѓаат. Ова е тренд кој бележи нагорна линија од година во година на оваа интернационална високо образовна институција.

Оваа година за прв пат на УИНТ аплицираа студенти коишто доаѓаат од земји како Белизе, Коста Рика, ЕлСалвадор, Мексико, Перу, Тринидад , Тобаго, Турција, Мароко, Хрватска, Србија, Лаос, Русија, и Тунис. Исто така апликации за упис поднесоа и новистуденти од земјите какоГана, Камерун, Египет, Нигерија, Танзанија,Моголија, Грузија, ШриЛанка, Молдавија, Виетнам, Етиопија, Таџикистан, Тајланд, Украина, Индија и Кина кои и досега беа застапени на Универзитетот.

Странски студенти најголем интерес покажуваат конкретно за факултетите за компјутерски науки и инженерство и комуникациски мрежи и безбедност, како и за новите студиски програми за „е-Влада, е-Бизнис, е-Култура“ и дигитална бизнис информатика.

Странските студенти ги препознаваат можностите кои ги нуди македонскиот систем за високо образование, конкретно на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, каде што се применуваат и комбинираат иновативни истражувачки и едукативни практики актуелни на светско ниво и се развиваат исклучителни академски и индивидуални вредности.
Интересот на интернационалните студенти, пред се, сè должи на насочените ИТ студиски програми на англиски јазик, академскиот кадар составен од реномирани професори од целиот свет, мултикултурната средина и разновидност и меѓународната валидност на дипломите на УИНТ.

27.08.2014 - 12:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега