Се скарале па пукал кон него - тетовчанец едвај спасил жива глава

Крвава расправија се одвивала синоќа во тетовското село Долно Седларце. Според податоците од полицијата, околу 19 часот и 40 минути настанала расправија помеѓу 41-годишниот Д.Ј. и 27-годишниот А.Ѓ. 

Додека се разправале, Д.Ј. толку се разгневил што извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон А.Ѓ. а потоа сам се пријавил во полиција. При извршено алкотестирање утврдено е дека насилникот имал 0,74 промили алколол во крвта.

27.08.2014 - 13:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега