Вељаноски: Јавна опомена за пратениците кои се степаа во Собранието

Со јавна опомена за вчерашните инциденти, собранискиот спикер Трајко Вељановски реагираше по денешната координација во законодавниот дом. На стартот на денешната собраниска седница, Вељаноски во кусо обраќање пред пратениците рече дека не може да го прифати насилството како начин за решавање на политичките разлики.

"Mислам дека само со взаемно почитување и толеранција можеме да создаваме многу повисока политичка структура која ќе се темели врз принципите на демократијата, дефинирана со онаа позната мисла на Волтер. Поради инцидентот за денеска се одржа ад хок координација на која врз основа на член 43 став 4 од законот за Собрание е донесена мерката јавна опомена за пратениците кои го предизвикаа и учествуваа во овој инцидент", рече Вељаноски во своето излагање.

27.08.2014 - 13:16
Фото: 
нова македонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега