Страотниот гром на Голема Богородица останува мистерија

Божја казна, предупредување од светците, волја на природата или обичен несреќен случај? Никој од местото Туртела до Добри Лаки не се осмелува да биде сосема сигурен само во едно од можните сценаријата за стравотниот и непредвидлив удар на гром, кој во машкиот манастир „Успение на пресвета Богородица“, во Берово, среде празнична трпеза однесе девет животи и повреди педесетина присутни на прославата. 

Како што пишува Република, ниту непобедливата фаланга, составена од благородни  бука, бел бор и цврст даб, не успеа за повеќе од една и пол деценија да го разреши необјаснивиот четврток, 29 август 1996 година, и громот од ведро небо, кој уби деветмина и повреди педесетина верници на традиционалниот народен собир во Берово.

– Со свои очи гледавме кошмар среде бел ден и чисто и мирно небо. Растрчани луѓе на сите страни. Лелек. Солзи. Морничав призор. Некои им помагаа на повредените, некои само немо стоеа настрана. Немоќни да променат нешто по трагедијата што го снајде Берово. Бевме збунети и не знаевме што чудо нè снајде, велат сведоци за Република.

Никој од местото Туртела до Добри Лаки не се осмелува да биде сосема сигурен само во едно од можните сценаријата за стравотниот и непредвидлив удар на гром.

- Кои сте вие? Зошто сакате да знаете што се случи на Голема Богодица пред седумнаесет години? Што било, било. Поминало. Така требало да биде. Божја волја. Беше решено да го поместиме празникот за еден ден за софрата да биде мрсна. Многумина веруваат дека со тоа ја предизвикавме Божјата лутина, по што следуваше казна. Други мислат дека е случајност. Трети дека празникот зел курбан. Не знам што да мислам и во што да верувам. Трагично е што наши сограѓани ги загубија своите најмили на ден кога семејствата се обединуваат и треба да се веселат, а не да тагуваат. Близу сте до манастирот деца, вели еден беровец.

„На дел од поврдените секоја година на 28 август на градите им се појавува црвенило во форма на орев“?!

- Дефинитивно, беше Божје дело. Малкумина знаат дека дента кога беше трагедијата група луѓе седеа под оревот што го погоди гром. На истите тие луѓе со години на 28 август на градите им се појавува црвенило во форма на оревчиња и гранки од орев – ни раскажа еден жител од околните беровски села, кој побара, раскажува жител.

Тоа што, за жал, ја одбележа далечната 1996 година во Малешевијата, веројатно никој и никогаш нема да може да го објасни. 

27.08.2014 - 13:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега