Јолевски во Полска: Најдобра инвестиција е инвестицијата во образованието

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски заедно со делегацијата од министерството вчера во рамките на работниот престој во Република Полска оствари посета на Националната одбранбена академија. Mинистерот посочил дека образованието и едукацијата се еден од приоритетите  во Министерството и затоа напорно се работи на уште посилно етаблирање на Воената академија како респектабилна високообразовна институција.

-На средбата со ректорот на Академијата полковникот Дариус Козеравски разговаравме за одличната можност за соработка помеѓу Воената академија на Република Македонија и Националната одбранбена академија особено преку програмата ERASMUS PLUS. Интересно е тоа што рамки на оваа Академија функционира и Центар за симулации и воени игри кој во голема мера овозможува развој на вештини и знаења кои се исклучително важни за унапредувањето на интероперабилноста, истакнал министерот Јолевски по средбата.

На вториот работен ден во Полска, министерот Јолевски ја посети и Оперативната команда на вооружените сили на оваа земја каде беше запознаен со процесот на трансформација на силите како и со  учеството на Полска во меѓународните мировни мисии.

27.08.2014 - 14:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега