Жолтицата „напаѓа" и во Гостивар

 

Во гостиварскиот регион регистрирани се пет случаи на заразна жолтица. Од гостиварскиот центар за јавно здравје го потврдија присуството на вирусното заболување.

- Еден случај е регистриран во јуни и по два во јули и август. Лицата се на различна возраст и нема нивна поврзаност. Три се од градот, две се од околните села. Изворот засега не може да се утврди, изјави Војче Огњаноски, епидемиолог од гостиварското одделение на Ценатрот за јавно здравје.

Во изминатите години биле ретки случаите на заразна жолтица и имало години без ниту еден случај. 

 

27.08.2014 - 14:17
Фото: 
безпардон
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега