Австриски експер ја скенира состојбата во штипската Клиничка болница

 

Професор Конрад Штајнбах, австриски експерт од областа на кардиологијата, денеска ги скенираше условите за работа, но и кадарот со кои располага Клиничката болница во Штип.

Тој вети безрезервна помош за развивање на интервентната кардиологија во Штип, а пред се на обуката на младите лекари. Штајнбах е претседател на Асоцијацијата на експерти во Австрија и во посета на Македонија е на покана на македонската Влада. Целта на посетата е да се утврдат можности за вклучување на австриски експерти во проектот на Владата за ангажирање на странски експерти во македонските компании и болници.

- Вчера ја посетив болницата во Скопје и сум многу задоволен од условите, како и софистицираната опрема со која располагаат тамошните лекари. Првите впечатоци од мојата посета во Скопје и Штип се позитивни, но во текот на наредните денови ќе видам дополнително со какви можности и кадар располагаат, вели Шајнбах.

Интервентната кардиологија е релативно млада гранка за лекарите  од штипската Клиничка болница. Потребна е обука, практична работа и време, за да може да прераснат во врвни специјалисти во областа на интервентната кардиологија. Веќе два месеци во штипската болница со штипските лекари работат и лекари  и професори од Институтот за кардиоваскуларни болести  Дедиње од Белград.

Професорот Штајнбах по покана од Владата доаѓа од Виенскиот универзитет. Тој во текот на наредните месеци ќе нуди совети во различни области. Иако е во пензија тој е дел од проектот на австриската влада која бесплатно нуди логистичка подршка на лекари од Виетнам, Кина и Перу. 

27.08.2014 - 14:59
Фото: 
а1он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега