Им преседна одморот во Грција - Македонци се вратија без регистарски таблички

Нови два случаја на украдени регистарски таблички  од возила на македонски државјани во Грција биле пријавени вчера.

Како што соопштуваат од МВР,  Д.П. од Кавадарци, сопственик на  возило „сеат кордоба“, пријавил дека вчера во Грција му биле украдени комплет регистарските таблички од возилото, а случајот не бил пријавен во грчката полиција.

МВР наведува дека случај на украдени регистарски таблички е пријавен и на граничниот премин „Меџитлија“ од лицето Ј.П од Струга, сопственик на возило „ситроен Ц5”  од кое биле украдени табличките. Ј.П пријавил дека вчера во Пефкохори, Грција, од неговото возило биле украдени комплет регистарските таблички. Случајот го пријавил во грчката полиција. 

- Со овие два нови случаја, вкупниот број на украдени регистарски таблички за оваа година достигна единаесет. Досега се регистрирани и пет оштетувања  на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македоските туристи во Грција, соопшти МВР. 

27.08.2014 - 15:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега