УНИЦЕФ со обуки за поголемо вклучување на децата со попреченост во образованието

Тридневни обуки за поголемо вклучување на децата со посебни потреби во образованието ќе спроведува канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. 

Ваквите обуки опфаќаат седум училишта, а нивен предавач ќе биде меѓународен експерт за инклузивно образование Џудит Холенвегер, која работи и како професор на Универзитетот во Цирих.

Преку овој проект ќе се спровед социјален модел со кој ќе се подразбира прилагодување на општеството на ваквата категорија на луѓе, а не нивно прилагодување кон заедницата.

Децата со попреченост ги имаат истите права како и останатите, а она на што се посветува внимание на обуките е како да се вреднуваат различностите кај децата, истакна Холенвегер.

Од УНИЦЕФ напоменуваат дека целиот процес се спроведува со цел да му се даде поддршка на наставникот кој работи со вакви деца, како да се промени начинот на настава, како и да има на кого да му се обрати доколку има потреба од тоа. Нагласуваат дека за поголема инклузивност на децата со попреченост потребна е тимска работа од сите инволвирани страни. 

27.08.2014 - 15:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега