Во Монако попладнево ждрепка во ЛШ - познати се шеширите со екипите

Во Монако денеска со почетокот 17:45 часот ќе се извлекуваат составите на групите во ЛШ за новата сезона. 

Со синоќешните мечеви веќе се познати сите 32 екипи кои што ќе бидат дел од новата сезона во најелитното европско фудбалско натпреварување.

Овие 32 екипи се поделени во четири „шешири“ од каде ќе ја чекаат ждрепката и противниците во своите групи.

Дебитанти во групната фаза ќе бидат шведскиот Малме и бугарскиот тим Лудогорец.

Прв шешир: Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Челзи, Бенфика, Атлетико Мадрид, Арсенал и Порто.

Втор шешир: Шалке, Борусија Дортмунд, Јувентус, Шахтјор, Базел, Зенит, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.

Трет шешир: Баер Леверкузен, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Ајакс, Ливерпул, Спортинг Лисабон, Галатасарај, Атлетик Билбао

Четврти шешир: Андерлехт, Рома, АПОЕЛ, БАТЕ Борисов, Лудогорец, Марибор, Монако, Малме.

Ждрепката ќе се одржи во Монако, каде на свеченост ќе биде прогласен и најдобриот фудбалер за минатата сезона во Лигата на шампиони. Во конкуренција за престижната награда се, фудбалерот на актуелниот европски првак Реал Мадрид, Кристијано Роналдо како и двајцата членови на Баерн Минхен, Мануел Нојер и Арјен Робен.

Првите натпревари од групната фаза во Лигата на шампиони ќе се играат на 16 и 17 септември, а последното коло на програмата е на 9 и 10 декември.

Пласман во нокаут фазата, односно осминафиналната рунда ќе обезбедат првопласираните две екипи, а завршницата е закажана за 6 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.

28.08.2014 - 11:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега