Е тоа е скопски кладилничар: Изгубил 5.000 евра па пријавил разбојништво

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против М.М. (29) од Скопје кој лажно пријавил разбојништво и сторил кривично дело „затајување“ со што стекнал противправна имотна корист од околу 325.500 денари.

Пред четири дена, на 25-ти овој месец, додека бил на работа како оператор на уплата за обложување во „Спортлајф“, М.М. пријавил дека две маскирани и вооружени лица влегле во обложувалницата, му се заканиле со пиштол, му наредиле да ја отвори вратата од работниот пулт и му ги одзеле парите од дневниот промет кои ги чувал под куќиштето од компјутерот по што си заминале.

Иако знаел дека кривичното дело не е сторено, а со намера противправно да ги присвои доверените пари, односно да го прикрие кусокот што го направил обложувајќи се на спортски натпревари и искористувајќи ја приликата што во самиот објект нема видеонадзор, М.М. во полиција пријавил дека е извршено кривично дело.

Одделението за имотни деликти изврши оперативни проверки при што утврди дека „разбојништво“ не е сторено, бидејќи на 25 август од 15:30 до 22:30 часот М.М. во повеќе наврати се обложувал на спортски натпревари и си издавал тикети за обложување, но не внесувал пари во касата. Пријавениот издал тикети за уплата за обложување на сума од вкупно 325.500 денари, а не уплатил пари во дневниот промет, со што сторил кривично дело „затајување“. 

Од М.М. се одземени недобитните 23 тикети кои сам си ги издал без претходно да внесе пари во дневниот промет. На 26.08. во службените простории на полициската станица во Ѓорче Петров беше со пријавениот е извршен и службен разговор во кој тој го признал делото

28.08.2014 - 12:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега