Двојниот убиец од Охрид ќе се бара преку Интерпол

На барање на Основниот суд Охрид, Министерството за внатрешни работи преку Бирото на Интерпол – Скопје распиша меѓународна потрага по Бојан П. (30) од Охрид, осомничен за сторено кривично дело „убиство“.

На 21 август 2014 година околу 23 часот и 20 минути во Охрид, во хотелот „Император“, осомничениот Бојан ги застрела сопственикот на хотелот Васил Р. и Ромео Ѓ. (1976).

Според досегашните сознанија, Бојан заедно со Р.С. од Охрид, отишол во хотелот каде почнал расправија со Ромео околу паричен долг, по што извадил пиштол и пукал кон него. Ромео, повреден, станал и бегал кон рецепцијата, каде се наоѓал сопственикот Васил, при што Бојан повторно пукал, погодувајќи го и Васил. По настанот, Бојан и Р.С. избегале со патничко возило „БМВ“, се наведува во соопштението од МВР

28.08.2014 - 12:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега