Валандово: Полицаец фатен како пуши марихуана

Полициски службеници од Валандово ноќеска, во два часот по полноќ, во дворното место на локалната амбуланта во валандовското село Јосифово фатиле полицаец како пуши марихуана.

Како што соопшти МВР, полициските службеници ги затекнале полицискиот службеник на Граничниот премин-Богородица В.Б.(1977) и Г.Т.(1977), двајцата од село Јосифово, како конзумираат опојна дрога „марихуана“.

При извршениот преглед кај В.Б. бил пронајден и одземен отпушок од опојната дрога. Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Валандово.

За настанот е известен Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

28.08.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега