Адеми се сретна со полскиот амбасадор Мултановски

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми остварил средба со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски, на која  ја нагласиле важноста на Спогодбата за соработка во областа на науката и високото образование, која во септември минатата година ја потпишаа двете ресорни министерства, соопшти Министерството.

- Спогодбата предвидува интензивна соработка помеѓу високообразовните и научните установи во двете земји преку размена на студенти, докторанти, научни работници и академски наставници, а значајна придобивка е и продолжувањето и интензивирањето на активностите за популаризација на изучувањето јазици, како и поддршката на истражувањата за историјата, јазикот, културата и уметноста на двете држави, информира МОН.

Адеми и Мултановски изразиле подготвеност за иницирање нови билатерални проекти и активности во образованието и науката, со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји која, како што наведува МОН,  во духот на традиционалните пријателски односи се реализира повеќе децении. 

28.08.2014 - 14:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега