Подгответе се за дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 31 степен.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 16 и со дневна до 29 степени.

Во охридско-преспанскиот регион во текот на денот ќе има услови за повремен дожд. Температурата ќе достигне до 27 степени. Во Дојранскиот регион времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и со температура до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

За време на викендот во поголем дел од земјава ќе преовладува претежно стабилно време. На одделни места ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови.

Од почетокот на наредната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. Температурата ќе биде во благо опаѓање.

 

29.08.2014 - 09:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега