Решавање на името и сите отворени прашања со компромис е заклучокот на Берлинскиот самит

Решавање на името меѓу Македонија и Грција како и сите отворени прашања за добрососедски односи, преку подготвеност за компромис од сите страни, беше заклучокот на сите земји кои учествуваа на самитот Германија -ЕУ-Западен Балкан кој се одржа во Берлин.

Беше прифатен и заклучокот дека во секоја плурална демократија опозицијата мора да биде во можност да ја остварува својата улога во Парламентот, но истовремено мора и да го посакува тоа. 

На заедничката прс – конференција во Владата на Германија со претседтелот на ЕК Жозе Мануел Баросо и албанскиот премиер Еди Рама,  Меркел истакна дека денешната конференција е симболичен начин да се покаже напредокот кој е постигнат во Европа и на Балканот по Првата, Втората светска војна и воените конфликти на Балканот. Таа е воедно и потврда дека ЕУ и Германија сакаат да придонесат кон иднината на Западен Балкан и добробитта на луѓето претворајќи ја во четиригодишен процес во обид да се надминат политичките прашања, како и да се поттикне регионалната соработка во областа на инфраструктурните проекти, енергетиката, проекти за размена на млади.

- Сакаме процесот на евроинтеграција да постигне брз напредок. Две земји - Хрватска и Словенија се веќе членки на ЕУ, други постигнаа значаен напредок, односно стигнаа до предпристапната фаза. Сакаме овој птроцес забрзано да продолжи, а тоа зависи од секоја земја поединчено, рече канцеларот Меркел.

Според Баросо, целта на ЕУ е јасна, а тоа е сите земји од Западен Балкан да станат дел од Унијата што претставува политички, економски и геополитички интерес. За да се постигне таа цел додаде, меѓу другото потребно е инвестирање во регионалната соработка и особено во инфраструктурата, за што на земјите им се на располагање пари кои се доделуваат преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), но и од други меѓународни финансиски институции.

- ЕУ ќе продолжи да ја игра нејзината водечка улога преку наменска финансиска помош, а инструментот за претпристапна помош ќе стави на располање речиси 12 милијарди евра помош за периодот 2014-2020 година. Тоа не се само добри намери туку се пвеќе од добри намери, а 20 проценти од овие фондови ќе бидат наменети само за регионални проекти, рече Баросо.

Тоа, додаде, е потврда за посветеноста на ЕУ кон регионот.

- Сакам да пренесам порака до луѓето од регионот, кои денес гледаат во Берлин дека постои вистинска перспектива за нивното членство во ЕУ, порача Баросо.

Инаку, во декларацијата дека земјите учеснички, меѓу другото, се обрзуваат дека во следните четирри години ќе постигнат реален прогрес во реформите, а особен предизвик останува борбата против корупцијата, јакнење на независноста на судството, поддршка на слобдата на медиумите, постигнување одржлив економски раст преку отворени пазари и странски инвестиции.

На самитот во Берлин инициран од Меркел учествуваа премиерите и минитри за економија и за надворешни работи на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Косово, како и претставници на Франција, Австрија, Словенија и на Хрватска.

Домаќин на следната конференција во формат Германиј-ЕУ-Западен Балкан ќе биде Австрија.

29.08.2014 - 09:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега