Адеми во работна посета на Приштина

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска во Приштина ќе учествува на отворањето на деветтата меѓународна научна годишна средба, организирана од Институтот „ALB-Shkenca", на тема: „Наука - важен фактор за одржлив социоекономски развој“.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, на научната средба ќе учествуваат и министерот за образование, наука и технологија на Република Косово, Рам Буја, и министерот за образование, наука и спорт на Република Албанија, Линдита Никола. 

29.08.2014 - 09:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега