За еден ден два пати каменуван возот Кичево - Скопје

Два пати каменуван возот кој сообраќа на релација Кичево - Скопје.

Вчера наутро околу 07,40 часот во Скопје на излез од железничката станица Скопје Север непознати лица извршиле каменување на возот кој сообраќа на релација при што е скршено едно прозорско стакло.

Истиот ден околу 14,00 часот во с. Кондово, скопско непознати лица повторно извршиле каменување на истиот воз при што повторно е искршено едно прозорско стакло, соопшти МВР.

29.08.2014 - 12:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега