Трагедија во Струга: На свадба ранил пет лица

Полициската станица- Струга поднесе кривична пријава против Н.В.(52) од с. Џепин за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 03.08.2014 година, околу 14:30 часот во с. Џепин на свадбена веселба се случила трагедија.

Пријавениот од балконот на неговата куќа со пиштол кој го поседувал без дозвола испукал шест куршуми.

Тие се одбиле од бетонската плоча при тоа ранувајќи пет лица.

29.08.2014 - 12:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега