Со секира исекле седум дрва на булеварот „Александар Македонски“

Непознати сторители вчера со секира исекле седум дрвја од видот „каталпи“ во дрворедот на булеварот „Александар Македонски“ на потегот од Шумарски факултет до Оштина Гази Баба. Дрвјата биле засадени во 2012 година.

Градот Скопје во денешното соопштение го осудува сечењето на дрвјата.

- Со овој вандалски чин е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град, се наведува во соопштнието.

Град Скопје го пријави сечењето на дрвјата во полиција, а МВР трага по сторителите.

29.08.2014 - 14:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега