Бесни навивачи на Металург каменувале автобус на Вардар

Синоќа околу 23 часот возач на автобус на ЈСП пријавил дека на автобуската постојка на булеварот Александар Македонски” во Скопје повеќе непознати лица фрлале камења по неговиот автобус.

Скршено е задно стакло од автобусот што сообраќал на линија бр.66 кон селото Бучинци.

Полициските службенициведнаш го фатиле 26-годишниот С.С. кај кого била пронајдена и одземена една  дрвена палка. Од извршениот разговор со возачот на автобусот како и со приведеното лице е дознаено дека станувало збор за  група навивачи на ракометниот клуб„ Металург“ кои со камења фрлале по автобусот во кој пак се превезувале навивачи на РК „Вардар“ .

најчитано сега