Кумановчанец со дрвен предмет ја претепал мајката на сопругата

32-годишен кумановчанец си заработи кривична пријава поради семејно насилство.

Се работи за М.А. од Куманово кој околу 15 часот на улицата „Иво Лола Рибар“, дошол во дворот од куќата на 50-годишната Н.Ф. инаку мајка на неговата сопруга и поради нарушени семејни односи, започнал вербална расправија со истата.

Караницата кулминирала кога тој физички ја нападнал и со дрвен предмет ја удрил по телото, нанесувајќи и тешка телесна повреда на раката.